Папата се помоли пред споменикот на светата Мајка Тереза и побара нејзина помош за, градот во кој е родена и крстена во католичката црква. Поглаварот во светилиштето на Мајка Тереза побара ширењето љубов да не биде само парола, туку веродостојно да продолжиме да го проповедаме Евангелието кон сиромашните, болните, затворениците и на тој начин ќе ја приложиме благодатта на спасението за сите нас.
„Молиме, Света Мајка Тереза, мајка на сиромашните, твое посебно застапништво и твоја помош, тука, во градот на твоето раѓање, каде беше твојот дом. Тука сте го добиле дарот на повторното раѓање во светите тајни на христијанската иницијација. Тука ги слушнавте првите зборови на верата во твоето семејство и во заедницата на верниците. Тука научи од твоите родители да ги сакаш оние кои имаат најмногу потреба и да им помагаш”, спомена меѓудругото во молитвата Светиот Отец Папата Франциск.
По молитвата се сретна со поглаварите на верските заедници. Папата положи цвеќе и се помоли и пред споменикот на Мајка тереза по што на платото пред спомен куќата одржа средба и со верници и граѓани од ранлива категорија. ДОбредојде му посака монахиња од сестринството мисионерки во Скопје.
Различни сме еден од друг по националност, јазик, раса и вера со болни и потресни искуства, но сите соединети во надеж, една човечка надеж, која бара достоинство и помош, но пред сѐ Божествена надеж која е жива во сите нас, Чеда Божји”
Папата Франциск одблиску се сретна со болните и сиромашните кои беа дојдени за да добијат благослов од поглаварот. Такавата желба и се исполни и на Сања.
Својата животна приказна ја раскажа и самохраната мајка Соња. Таа пред него изрази благодарност за помошта која ја добила од сестринството во најтешките мигови од животот.
Папата доби неколку рачно изработени икони од граѓаните по што и тој врачи подарок за сестринството.Папата Франциск од спомен куќата на Мајка Тереза замина со познатиот Папа Мобил. Поглаварот на Католичката Црква на 4 септември 2016 во Ватикан ја прогласи Мајка Тереза за светица во католичкиот свет, откако црквата официјално утврдила дела има изведено и второ чудо во својот мисионерски живот.