Главниот архивар во библиотеката во Ватикан, надбискупот Жан-Луј Бригес, изјави дека папата Бенедикт шеснаесетти, пред да биде избран за поглавар на Римокатоличката црква, имал желба да биде шеф на ватиканската библиотека, пренесува Верската информативна агенција (VIA).
Бригес во интервју за ватиканската публикација. „Opservatore romano“, изјавил дека кардиналот Јозеф Рацингер, кој во 2006 година станал папа Бенедикт, лично му соопштил дека сакал да биде на чело на ватиканската библиотека. Ватиканската библиотека е основана во четвртиот век и е една од најстарите на светот, а во нејзините раководци биле црковни историчари.