15 годишно момче е пронајдено мртво во центарот на Загреб откако пушело тутун мешан со освежувач за воздух. Хрватските медиуми пренесуваат дека момчето околу 16 часот било пронајдено во влез на станбена зграда каде претходно му се слошило.
Хрватските медиуми пишуваат дека се почеста појава кај дел од младите во Хрватска е да се користат одредени производи кои создаваат дејство како на синтентички дроги. Проблемот е што тие се продаваат легално како освежувачи за воздух, соли за капење и разни препрата за во билкарството.