Според првичните информации со кои располага РФМ, засега евидентно е дека недостасуваат неколку лап-топ компјутери со обемни бази на податоци од техничко-стратешки карактер, а поврзани со претстојниот настап на националниот тим на ЕП во Полска, како и пехари и медалји.
Во ек на финалните подготовки пред заминување во Краков, одземен е и дел од репрезентативната опрема на ракометарите. И покрај ваквите отежнувања на фактичката логистичка состојба, РФМ прави максимални напори за македонската репрезентација да не ги почувствува овие наводно случајни опструкции на свој грб.