Сите пензионери кој земаат помала пензија од просечната ќе имаат бесплатно лекување.
Одлуката стартува од 1 јануари, а на пензионерите им ја соопшти премиерот Никола Груевски.
,, Пензионерите кои земаат пензија помала од просечната ќе добијат целосно бесплатно болничко лекување без плаќање партиципација, бесплатна терапија и други пропратни работи ,, рече Груевски.
Тој додаде дека во меѓувреме Министерството за здравство ќе треба да подготви специјална програма за спроведување на оваа владина мерка.