Kапитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ, кој настапува за актуелниот шампион на Грција, Олимпијакос, бил ограбен во Атина.
Имено, додека Антиќ бил во спалната соба на горниот кат во својот стан, еден кат подолу, во дневната соба некој непречено оперирал.
Целта на крадецот биле кожениот паричник “Гучи” и клучевите од аудито на македонскиот капитен.
Оваа информација ја откри самиот кошаркар, кој на својот фејсбук профил постави статус:
„Ги сакам и почитувам луѓето со стил (ха, ха, ха). Верувајте ми, се изненадив кога влегов во кујната да земам нешто за пиење и гледам некој бега преку балконот. Се прашувам, нормално ли е ова?!”“.
извор – Хит портал