Александар Милановиќ, сопругот на 29 годишната Драгана од Јагодина веќе неколку дена преживува голгота откако неговата сопруга ја удри автомобил а пет дена подоцна почина.
-Му правев друштво на синот Александар да ја поправи машината. Тука беа Драгана и Милица (5) кои ни правеа кафе. Драгана излезе од дворот и тогаш се случи несреќата. Истрчавме на улицата и ја видовме како лежи. Ќерка и се обидуваше да ја оживее, вели свекорот Ненад.
Ненад истакнал дека Јовиќ бил толку пијан што кога дошла Брзата помош тој почнал да се смее и твдел дека таа се лизнала а дека тој ја “закачил” само по раката.
-Полицијата дури сакаше да го пушти да влезе во автомобилот за да си оди дома. За среќа, обвинителството не дозволи. Никогаш не сум правел проблеми и нема да правам. Сега Јовиќ седи дома и ме пријавува во полиција дека го малтретирам. Него не го приведоа, а мене секојдневно ме предупредуваат за однесувањето. Полицијата дури и ми изврши претрес во куќата надевајќи се дека ќе најде оружје, признал сопругот на Драгана, Александар.
Драгана ќе биде погребана денеска а нејзините три деца нема да присустуваат на погребот бидејќи татко им ги однел кај својата тетка во соседното село.