Пијан го фрлил синчето од четврти кат – детето преживеало


Доживотен затвор му се заканува на 42-годишниот маж од градот Сталова Вола, во јужниот дел на Полска, кој во алкохолизирана состојба го фрлил синот од прозорец на стан на четвртиот кат.

police-forensic-work-february-844Осумгодишното момче претрпело многубројни сериозни повреди, но го преживеало падот од 13 метри, благодарејќи на неколкудневниот дожд кој ја омекнал земјата на тревникот пред зградата.

– Мажот, кому му измеривме два промили алкохол во крвта, најпрво го демолирал станот, ги скршил прозорците и потоа низ еден од нив го фрлил својот малолетен син, информираше обвинителката Бабара Бандигова.

Таа додаде дека за среќа, местото каде што паднало детето било калливо и иако од голема височина сепак останало живо. Сепак, детето се здобило со повреди на мозокот, белите дробови и неколку скршеници и лекарите се борат за неговиот живот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1