Неименуваиот норвежанин облечен во костум од Супермен го забележале во шопинг центар во шведскиот град Лулеа.
Супермен бил ,,летва,, пијан и спиел на подот, па минувачите веднаш повикале полиција.
,,Ни пријавија дека има пијан човек и на лице место го затекнавме Супермен. Навистина беше многу пијан поради што не можеше да води сметка за самиот себе и за своите постапки, изјавил полицаецот Ерик Кум
Супермен беше однесен во станица каде се отрезнил преку ноќ, но наредната вечер повторно го облекол костумот, повторно се напил и бил уапсен поради дивеење во еден ресторан. Сега е во затвор.