Двајца припадници на данскиот контингент на КФОР од Косово се уапсени рано утрово на плоштадот Македонија во Скопје.
Полицијата извести дека војниците го нарушиле јавниот ред и мир. Како што дознава ПлусИнфо од полициски извори војниците биле поднапиени.
Се соблекле голи и избегале без да платат од локалот каде славеле. За да не дојде до поголем проблем тие се приведени во станица.
За инцидентот е известена и нивната команда во Косово.