„Пинк“ се опраи, но плата за новинарите од „Пинк-15“ Македонија се уште нема


Но, и покрај тврдењата на Митровиќ, многумина кои очекуваат пари од „Пинк“, меѓу кои и македонската „Пинк-15“ трдат дека пари на нивната сметка се уште не стигнале. На сметката на Данијела Ковачевиќ која е тешко болна нема ниту динар стигнато.
Жељко Митровиќ, сопственик на РТВ Пинк ја информираше јавноста дека компанијата „Пинк“ финансиски се кренала и нема повеќе проблеми со ликвидноста но и дека на своите вработени им ги исплатиле заостанатите плати, но и сите долгови со што ја затвориле дупката од 40 милиони евра.

За да ги покрие долговите тој ја продал фабриката со вода и дал дел од своите заштедени пари.

Но, и покрај тврдењата на Митровиќ, многумина кои очекуваат пари од „Пинк“, меѓу кои и македонската „Пинк-15“ трдат дека пари на нивната сметка се уште не стигнале.

На сметката на Данијела Ковачевиќ која е тешко болна и за која со неколку телевизиски шоуа требаа да се соберат пари за нејзино лекување, се уште не се стигнати сите средства.

Според нејзиниот татко Ѓорѓе, изминативе неколку дена „Пинк“ уплатил околу 8.500 евра, но тој нема намера да ја повлече тужбата против телевизијата која ја тужеше поради неисплатени пари неопходни за лекување на неговата ќерка. „Прво на крај на јуни, со шест месеци закаснувања уплатија 14.240 евра, а минатиот понеделник усте 8.500 евра.

Но, се уште не е исплатен целиот износ кој во меѓувреме девалвираше поради инфлацијата. Нас првично ни требаа 40.000 евра, но динарот падна, а изгубивме и драгоцено време. Таа се уште е сместена во бањата Сланкамен, наместо во клиниката во Штудгард, а во меѓувреме здравствената состојба и стана полоша“ изјави Ѓорѓе Ковачевиќ.

И учесниците на голем број на реални шоуа кои се емитуваа на „Пинк“ се уште си ги чекаат парите од договорениот хонорар.

Поранешните фармери, но и оние кои учествуваа во реалното шоу „Двор“ се надеваат дека конечно ќе си ги добијат парите.

Последната уплата им била во декември, а останатите пари им ги ветиле за април годинава.

Вработените молчат

Вработените во РТВ „Пинк“ на кои наводно им се исплатени сите заостанати плати кои ги чекаат со месеци, не сакаат јавно да зборуваат за пари, за подоцна да немаат проблеми, но и меѓу нив има такви кои сметаат дека не е во ред да се плука во бунар од кои се пие вода. Сепак, изјавија дека деновиве земале дел од заостанатите плати со ветување дека до крајот на месецот ќе им биде исплатено се што им се должи.

Share Button

Tags: , , , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1