Платини, како и претседателот на ФИФА Сеп Блатер се суспендирани од фудбалот и сите активности поврзани со него на 8 години.
Двајцата беа прогласени за виновни за нелегална трансакција во висина од околу 2 милиони евра извршена за советодавни услуги во 2011.
-Се откажувам од трката за претседател на ФИФА. Тајмингот не е добар за мене, не ми е дадена шанса да играм како знам. Извалкано ми е името. Нема да бидам гледан со исти очи како другите кандидати. Збогум ФИФА, збогум ФИФА претседателство, изјавил Платини за Асошиејтед Пресс.