Сопругот на Мелани Торнтон едвај ја убедил после 13 години да имаат второ дете. Изненадувањето било преголемо, наместо едно бебе тие добиле природно зачната, идентична тројка.
Новородените Бое, Мика и Хоуп се родиле здрави и живи, а нивната мајка морала да направи некои сериозни промени за да се справи на супер големото семејство.
Од кога се родиле бебињата нивниот живо се променил и тие станале најсреќните родители, купуваат адаптирано млеко на големо, трошат речиси 100 литри млеко неделно, а менува повеќе од 250 пелени.
Додека била бремена, Мелани вели дека чувстувала дека нешто е поинаку и неколу пати рекла: Сигурна сум дека е повеќе од едно. Но никогаш не помислила дека носи три бебиња.
Бебињата сакаат да спијат заедно и ако ги раздвојат плачат. Мелани вели дека колку поблиску се едно до друго, толку им е подобро.
Лекарите го предупредиле семејството на опасностите од повеќекратна бременост и цела бременост им велеле дека најмалото бебе – Хоуп, веројатно нема да преживее до раѓањето. Мелани вели дека секој еден ден бил речиси во исчекување таа да почине:
На почетокот таа била депресивна затоа што постојат шанси да го изгуби бебето но тогаш сватила дека сите три бебиња клоцаат многу силно.
-Тогаш си помислив, aко таа не се откажува, нема да се откажам ни јас, вели Мелани.
Прекрасната тројка се родила во 32-ра недела
Хоуп била пуштена од болница после 5 недели, откако поминала операција при која и била отстранета насобрана течност околу мозокот. Сега близначките веќе имаат 20 недели и многу цврста поврзаност помеѓу себе, а Мелани вели дека тие се среќни бебиња.