Од понеделник се менува работното време на паркинзите на ЈП Градски паркинг во Скопје.
Наместо како до сега, кога работното време беше до 23часот, од понеделник и во работните денови, паркирањето во заоните означени од Град Скопје ќе се наплаќа до 21 часот, согласно зимското работно време.
Во сабота, паркирање ќе се наплаќа само до 14 часот, а во недела и за државните празници, како и до сега е бесплатно.
Во првата зона е дозволено паркирање најдолго 2 часа, а чини 45 денари. Во втората зона, 35 денари за час, најмногу 4 часа. Во третата зона, еден час паркинг чини 25 денари и нема временски ограничувања.