По овие убавици во поранешна Југославија мажите лудуваа – еве како изгледаат денес


Оливера Катарина

Фатална дама, актерка, пејачка која жените ја мразеа а мажите буквално ја обожуваа.

Родена е 1940 година во патријахална фамилија. Пораснала со строг татко така што едвај го дочекала полнолетството за да си отиде од дома. Заминала за Париз, но после некое време се вратила во Белград каде запишала глума.olivera_katarina

Со 22 години започнала врска со Ратко Дражевиќ, филмски продуцент. Седум години живеела со него на висока нога во светски метрополи. Дражевиќ од неа создал вистинска ѕвезда не само во Југославија туку и во Европа. Со својата појава и глас го освоила и Салвадор Дали кој буквално се поклонил пред нејзината убавина. 72 дена едноподруго ја полнела најпознатата концертна сала во Париз, Олимпија.

Ратко не сакал деца па Оливера го напуштила. Се омажила за тогашниот претседател на Белград, Миладин Шакиќ и со него има син кој денес живее во Шпанија.

 

Беба Лончар

 

Филмот “Љубав и мода“ снимен во Белград во 1960 година претставува прекретница во југословенскиот социјализам.Прв пат во еден фил се претставени убави и млади луѓе кои безгрижно се сакаат и забавуваат. Ѕвезда на тој филм беше Беба Лончар.

beba_loncar

После премиерата на филмот, Југославија ја доби својата Брижид Бардо. Сите беа заљубени во Беба, а таа заљубена во белградскиот плејбој Дејан Божиновиќ

Убавината на Беба секогаш предничела пред нејзиниот талент, па така таа главно добивала улоги во второразредни италијански филмови. Кога требала да ја добие „животната улога“ се скарала со режисерот и до соработка не дошло.

Долго била во брак со бизнисменот Јосип Радељак со кого го има синот Лео. Се развеле 1994 година а тој подоцна се ожени со уште една многу убава актерка- Ена Беговиќ.

Беба Лончар денеска живее во Белград, повлечена од јавниот живот.

Бернарда Маровт

 

Во многу анкети Бернарда е прогласена за најубава мисица која ја имала Југославија.bernarda_marovt

Била предодредена за успех: Календарот за 1982 година на магазинот Старт, кој во социјализмот го заменувал „Playboy“, поради фотографиите на Бернарда е продаден во неверојатни 350 000 примероци.

1983 година е избрана и за мис на Југославија.

Иако на изборот за најубава жена на светот во Лондон е дискредитирана поради разголените фотографии објавени во „Старт“, 30 фотографи од целиот свет ја прогласиле за мис на фотогеничноста со што ја добила титулата најфотогенична девојка на светот. Прогласена е за топ модел на Италија и топ модел на Европа, а на врвот на кариерата заработувала 3000 долари дневно.

Ана Сасо

 

Една од најубавите мисици на поранешна Југославија, остана запаметена по рекламата за сок ‘Pipi’ кога излегува од море во припиена маица.308413_ana-saso-final_f

Родена е во 1963 година и само што станала полнолетна кога како хостеса на Сплитскиот фестивал на забавни мелодии се пријавила за избор за најубава Југословенка.

Ниедна друга немала шанси и во 1982 година е прогласена за мис на Југославија и отпатувала во Лондон каде од вкупно 68 девојки влегла во полуфинале со уште седум убавици.ana saso 2

Потоа ја снимила познатата реклама. Можела да постигне и светска слава но таа ги одбила сите понуди и се омажила за сопственикот на неколку сплитски пекари. Таа врска била турбулентна. Љубоморниот сопруг ја тепал дури и јавно.

После разводот била во врска со тогашната ѕвезда на „Хајдук“ Игор Штимац, но извори блиски на парот тврдат дека и со него не ја нашла среќата и тој наводно бил агресивен кон неа.anasasso_1082013_index1

Од 2001 до 2004 година била во брак со Игор Францешли, рибар и правник. И него го оставила бидејќи постојано ја изневерувал.
Цел живот ја повторува истата реченица „ На убавите жени им приоѓаат погрешни мажи“. Таа е жив доказ дека ова е вистина.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1