Почина 55 годишен скопјанец – 4 жртва на грипот во Македонија


Маж на возраст од 55 години од Скопје со инфлуенца А е четврта жртва на грипот сезонава, откако почина вчера на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

infektivna1– Покрај спроведената антивирусна терапија, пациентот почина вчера, истакна Д-р Билјана Петреска од Клиниката за инфективни болести која додаде дека пациентот бил хоспитализиран на клиниката со црнодробна болест на 21 јануари.

Петреска посочи дека на Клиниката се хоспитализирани 110 лица, од кои седум се на интензивна нега.

Пет пациенти се во потешка здравствена состојба и имаат симптоми на грип, а еден е приклучен на механичка вентилација.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1