По тешко боледување почина албанскиот амбасадор во Република Македонија, Петрит Бушати, кој на оваа должност стапи на 29 мај годинава. Потекнува од познатата фамилија Бушати, од која е и шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати.
Покрај дипломатското искуство во албанските претставништва во Белград (2002-2006), Стокхолм( 1988-1991) и Вашингтон (1997-2001), Петрит Бушати има и 11-годишна новинарска кариера. Тој беше добар познавач на состојбите во соседните земји.
Во понеделник ќе се одржи комеморативна седница и последна почит ќе му биде оддадена во Министертвото за надворешни работи во Тирана. Истиот ден ќе биде и погребот.
Utrinski