Почина 29 годишната жена која пред два дена заедно со сопругот и шестгодишната ќерка имаа тешка сообраќајна незгода на излезот од Струмица, пишува Канал 5.
Жената била во вториот месец од бременоста.
Нејзината шестгодишна ќерка и сопругот се во добра здравствена состојба и надвор од животна опасност на хируршкото одделение во Струмичката болница, пишува Канал 5.
Сообраќајката се случи на патот Струмица-Дабиле, пред бензинската пумпа Лукоил каде директно се судрил автомобилот на семејството со друг автомобил.
Увидот на полицијата и јавното обвинителство треба да ги утврдат причините за сообраќајката.