По мозочен удар Томи останал парализиран и не можел да зборува. Починал од природна смрт само една недела откако судот му ја одбил молбата врз него да биде извршена еутаназија.
Тони Никлинсон починал во средата утрото во својот дом во Вилдшир. Неговото семејство изјавило дека починал од природна смрт.Непосредно пред смртта тој оставил порака: Збогум свету! Часот пристигна.
Тони психички бил здрав, но по тешкиот мозочен удар со години бил парализиран од вратот надолу, а и не можел да зборува. Можел само да мрда со главата и да комуницира со помош на компјутер, и со трепкање на очите и движење на главата. Во последните две години се обидел да убеди три суда дека на лекарите кои би му помогнале да умре треба да им се одземе казнената одговорност. Во тоа не успеал и само една недела пред да почине, добил вест дека само парламентот може да го промени законот за убиство во кое би му помогнале лекарите.
За него ваквата одлука значела дека и понатаму ќе мора да се соочува со живот во кој во потполност е зависен од другите кои требало да се грижат за секоја негова потреба.
По одлукаа на судот Тони се расплакал. Тогаш неговото семејство побарало да му остават само две можности, да отпатува во клиниката во Цирих или да се изгладнува до смрт. Но тој не сакал да умре во туѓа земја туку во своето семејство близу до неговите најблиски.