Суспендирана лекарката која остави човек да умре пред поликлиниката во Ѓорче – може да ја изгуби и лиценцата за работа


Суспендирана е Др. Ксенија Мојсовска, која беше дежурен лекар во моментот кога 71 годишен скопјанец падна и почина пред поликлиниката Ѓорче Петров.

Министерството за здравство зело изјава од Мојсовска која признала дека не излегла да му укаже лекарска помош на лицето, дури и признала дека не таа туку татко на пациент кого во тој момент го прегледувала повикал брза помош. Докторката се повикувала на членот 17 од законот за здравство дека не смее да го напушти работното место.

По ова донесена е одлука за суспензија во која се вели –

,,Изјавата на Докторката дека согласно член 17 од Законот за здравствена заштита не смее да го напушти работното место во целост е неиздржана. Во Законот никаде не е предвидено дека докотор не смее да ја напушти здравствената установа. Напротив, законот јасно и недвосмислено укажува на тоа дека секој здравствен работник има обврска за пружање лекарска помош особено на лице во животозагрозувачка состојба,, се вели во одлуката.

На расветлување на случајот работат три комисии. Здравствен дом – Скопје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и комисија во министерството за здравство. Се чекаат уште резултатите од обдукцијата, по што ќе се донесе конечна одлука дали лекарката и ќе го загуби работното место.

Министерството за здравство побарало и од Лекарската комора да заседава судот на честа за да се утврди дали се исполнети условите за привремено или трајно одземање на лиценцата на докторката.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1