Груевски призна: Има криза во владата, не даваме да се гази македонското достоинство, подготвени сме за предвремени избори !


Неможе цена за да опстане коалицијта да е кршење на македонското достоинство, понижување, тоа нема да го дозволиме. Не сме партија што сака власт по секоја цена, изјави Груевски.

Дел од раководството на ДУИ го промени однесувањето, а врв е настанот во Слупчане. Подготвени сме за предвремени избори ако ДУИ оцени дека тие се потребни – изјави премиерот Никола Груевски.

Груевски на прашање дали има криза во коалицијата вели –  Јас на неколку пати разговарав со претседателот на таа партија во минатите неколку месеци. Укажав на тоа дека одредени поединци несоодветно се однесуваат, а тоа однесување само придонесува за создавање тензии. Така што на вашето прашање дали постои криза, секако дека постои, рече Груевски.

.
ВМРО-ДПМНЕ не посакува предвремени избори, но е подготвена и за таква опција доколку ДУИ повлече таков потег, рече Груевски
– За нас е исклучително важно да го зачуваме нашето достоинство и образ и достоинството на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија. И нема ниту една цена што сме подготвени да ја платиме за да се згази достоинството на граѓаните на Република Македонија, како што имаше обид тоа да се направи со случајот во Слупчане. Ако некој смета дека цената за одржување на колицијата треба да биде кршење на нашето достоинство, понижување на нас и на нашите граѓани, тоа нема да го дозволиме. Ние не сме партија што сака власт по секоја цена или, пак, што ќе издржи некое партнерство по секоја цена. Ние сме подготвени доколку е тоа потребно во секој момент да излеземе на избори. Иако повторувам не ги посакуваме бидејќи тоа ќе значи одредена дефокусирање во одреден период.

Ние како партија не сакаме да рушиме ничие достоинство, ние сакаме да ги почитуваме сите, сите етнички заедници и не сакаме да си поигруваме со чувствата на другите етнички заедници. Меѓутоа, доколку некој друг тоа сака да го прави и ако смета дека на тој начин ќе постигне одредени политички поени, мислам дека го промашил партнерот во овој случај. ВМРО-ДПМНЕ не е партнер кој на некому ќе му дозволи да го гази, понижува и да си игра со неговите чувства и достоинство, рече премиерот Никола Груевски.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1