Почина на 111 години, надживеа две жени, а како тајна за долг живот ја навел само Љубовта


Најстариот човек во Америка почина на возраст 111, стариот романтичар ги расплака сите во неговиот град и во старечкиот дом каде живеел. Надживе две жени има три ќерки.

Швлериште и на 100 години – вака го опишуваат сестрите. Секогаш им делел комплименти, им бакнувал рака, им намигнувал – но крај креветот секогаш му стоела слика на која биле неговите 2 жени. За нив велел дека се љубов на неговиот живот – а таа љубов го одржала жив 111 години.

Првата жена неговата љубов уште од детството починала – бил сам неколку години и не верувал дека повторно ќе сака.

Неговта втора сопруга ја засакал кога од неа ги чул зборовите – мојот покоен сопруг е љубовта на мојот живот – но имам уште многу љубов да дадам – а тој засекогаш ќе остане моја љубов.

Тие заедно оделе на гробишта кај двајцaта покојни сопружници – ги чувале нивните фотографии и на децата им раскажувале детално кои биле нивните мајка или татко, како живееле, што сакале, на што се смееле – сето тоа не зближуваше – не морав да се преправам да држам во себе – љубовта за покојната сопруга слободно ја изразував и поради тоа сум и благодарен до века, изјавил чичко Шелби, како што го нарекувале во домот.

Стариот романтичар имал многу прикаски. Навистина бил многу нежен со своите сакани. Постојано им приредувал романтични изненадувања, никогаш не дошол дома без цвеќе за годишнина – а насмевката на лицата на неговите жени во тој момент велат му го продолжувала животот за по 5 години.

Запрашан што е тајната на неговата долговечност овој стар господин како од пушка рекол – ЉУБОВТА

“Една од најголемите работи во светот е да ги сакаш луѓето и да им веруваш. Јас само се обидував да живем од ден на ден. Ги сакав сите и сакав сите да ме сакаат, затоа се трудев да бидам добар сопруг, татко, сосед, другар…. ” изјавил во интервју во март.

Почина во средата. Пра-пра-пра-дедото Шелби Харис почина мирно во сон, во старечки дом во Илиноис.

Г-дин Харис е роден во 1901 година во Јужна Индијана град Еаршир. Тој прво работел како рудар, а потоа како градежен работник, се борел во Втората светска војна, бил страствен безбол фан.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1