Им нудел работа во МВР – сега дај ми 3000 евра, а остатокот на рати. Измамник со разбирање за немаштијата


27 годишен арачиновец доби кривична пријава. Измамил 6 кумановци. Им ветувал работа во МВР и им земал по 5000 евра. Не бирал го измамил дури и својот школски другар дека ќе го вработи во министерството за финансии.

Се преставувал дека е висок функционер во МВР близок со власта и слично. Не наплатувал само за вработувања, туку пари земал и за да им обезбеди дипломи за завршено средно образование.

Измамените му верувале бидејќи им велел дел од парите да му дадат сега – за да подмачка каде треба, а останатото дури откако ќе биде завршена работата. Знаел дека е беспарица па бил дарежлив и им велел дека ќе му плаќаат на рати кога ќе се вработат по 100 евра месечно.

Во првиот случај измамил две лица од Табановце кои биле пријавени на конкурсот за прием на полицајци во МВР, но не ги минале тестовите, пријавениот им побарал по 5.000 евра за да ги вработи во МВР и тоа 500 евра да му исплатат веднаш, а остатокот од да му ги даваат во месечни рати од по 100 евра во наредните три години откако ќе бидат вработени.

Во другиот случај исто за работа во МВР на оштетените Д.В. и Н.Р. двајцата од село Табановце им побарал 1.500, односно 1.700 евра.

На кумановецот Б.Ц. пак му побарал 700 евра, ама му земал 300 евра сега, а останатите 400 евра требало да ги добие по завршената работа. Освен работа на ова лице му ветил и дека дипломата за 3 години средно ќе му ја направи дека завршил 4 степен. Тоа требало да го чини дополнителни 250 евра.

Го измамил дури и својот поранешен училишен другар кому му ветил дека ќе го вработи во Министерството за финасии при што веднаш му побарал копии од разни документи како и 5.360 денари за такси бидејќи наводно бил последен ден од пријавувањето за конкурсот. Но, откако ги зел парите повеќе не стапил во контакт со оштетениот.

Оштетените го пријавиле. Направен е претрес и во негово возило марка „Ровер“, најдени се 450 евра, повеќе фотокопии од дипломи, уверенија за државјанства, индекси, изводи од матична книга на родените итн.

Уапсен е и си заработи кривична пријава. Засега се пријавени 6 оштетени но не е исклучено да се јават уште измамени лица.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1