Почина Ники Лауда, легендата на Формула 1


Трикратниот светки првак во Формула 1 Ники Лауда почина во 71. година од животот, девет месеци по транслантацијата на белодробното крило. Почина мирно, во кругот на семејството.

Легендарниот Австриец две титули во Ф1 циркусот освои како возач на Ферари во 1975 и 1977 година и една во Мекларен во 1984 година.

Сепак, луѓето најмногу го паметат по страшната несреќа на трката за Големата награда на Германија во 1976 година, кога доби изгореници од трет степен на лицето, а чадот што го наголта му ги оштети белите дробови. Се очекуваше дека нема да преживее додека лежеше во болница, но тој со некое чудо заздрави и само 40 дена подоцна се врати на пистата на Формула 1 шампионатот.

За неговото ривалство со Џејмс Хант кој ја освои титулата во 1976 година е снимен филмот „Rush“ во 2013 година.

Лауда пред трансплантацијата на белодробното крило двапати беше на пресадување на бубрег, а последниот пат бубрег му донираше тогашната девојка Бригит Вајцнегер, со која подоцна се ожени и ги доби близнаците Макс и Миа. Од претходните врски имаше уште три сина.

Лауда, по завршување на кариерата во Ф1 основа авио-компанија за прекуокеански летови, но потоа се врати на трките со Мекларен, каде што ја освои титулата во 1984 година. Во Формула 1 работел како на разни позиции во Ферари, Јагуар и Мерцедес. Двапати го посети Скопје, промовирајќи ги услугите на неговите авио компании, каде што исто така беше и пилот. Последен пат, беше во Скопје на 14 април 2011 година како претставник на „Флај Ники“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1