Почина легендата на македонскиот спорт, борачот Симеон Шутев, кој во 1968 година стана првиот Македонец кој успеал да освои олимписки медал. Шутев учествуваше на ЛОИ во Мексико сити, заедно со Борче Димовски, кој пред извесен период почина во Германија
Штипјанецот Шутев беше професор по физичко воспитување во ЕМУЦ Никола Нехтенин во Штип. По завршувањето на боречката кариера беше и тренер во Балканец, ги воспитуваше младите генерации. Покрај борењето, тој беше и спортски риболовец. Беше и добар пливач и гимнастичар. Беше и боречки судија.
Посмртните останки на Симеон Шутев ќе бидат изложени утре, недела, 9 август, од 11 до 12 часот во штипската капела. Сочувство изразија и голем број спортски асоцијации и спортски работници и борачи, пренесува порталот „Ипон.мк“.