Почина Свештеникот Дон Андреа Гало кој стана ѕвезда на Јутјуб кога на среде миса во црква почна да ја пее познатата партизанска песна “O бела чао”
Тој на среде миса пред голем број присутни верници во црква во Џенова почнал да ја пее О бела чао, а верниците со воодушевување му се придружиле па низ црквата ечеше О бела чао.
Но ова не беше прв пат овој свештеник да се најде на Јутјуб.Со право обвинет за промовирање на комунизам, пушење марихуана и застапување на правата на хомосексуалците и тоа не го криеше.
На една снимка зад него додека држи миса се наоѓа знаме во боите на винижитото што е симбол на ЛГБТ заедницата за заштита на правата на хомосексуалците.
Дон Гало во салата во храмот во Џенова запалил џоинт, промовирајќи легализација на лесните дроги. Истовремено додека ги поддржувал лесните дроги, жестоко се залагал за забрана на изградба на американската воена база во близина на Виченца.
Овој свештеник го живееше животот во полн ек, се залагаше за угнетените, беше во тек со новитетите – го нарекуваа модерен поп. Имаше и своја фејсбук страница. Го обожуваа верниците, посебно младите, а неговите изјави и изреки се едни од најцитираните.
Починал вчера попладне, имаше 84 години.