Почнувате бизнис – Бесплатни канцеларии и комунални трошоци за најдобрите 3 бизнис идеи


Лицата заинтересирани да почнат бизнис, до крајот на месецов може да достават пријави до Претприемачкиот сервис за млади (ПСМ) бизнис инкубатор, каде ќе поминат обука и ќе добијат помош за изработка на бизнис план.

rabotniciЗа најдобрите три бизнис планови општина Гази Баба ќе обезбеди бесплатни канцелариски простории во Бизнис инкубаторот и подмирување комунални трошоци во првите шест месеци од почетокот со работа.

Градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, ги повика сите заинтересирани да ги искористат можностите од проектот и помошта што ја нуди општината.

– По обуките и изработката на бизнис плановите ќе формираме Комисија што ќе ги одреди најдобрите три бизнис плана на кои ќе им дадеме поддршка за почеток, со просторија и сите комунални трошоци. Целта на проектот е да ги мотивираме граѓаните, особено младите, кои навистина имаат знаења и потенцијал како да почнат бизнис, да им го дадеме почетниот импулс и да очекуваме во иднина дел од нив да прераснат во поголеми компании кои ќе вработуваат лица, наведе Трајковски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1