Подгответе се за ново поскапување на бензините во Македонија


Цената на сировата нафта падна во понеделникот на светските берзи под ниво од 65 долари со оглед дека сигналите за закрепнување на американското производство на нафта од шкрилци одново ја поттикна загриженоста поради прекумерно снабдување.

На лондонската берза цената на барел сирова нафта за испорака во јуни падна за 44 центи во однос на претходното затворање, на 64,79долари. На американската берза со барелот се тргува по 35 центи пониска цена, од 59.21 долари.

benzin benziska mk3

Нафтените пазари ги притискаа извештаите за зголемена понуда на физичкиот пазар, сигналите за раст на производството на нафта од шкрилци во САД и можното зголемување на производството на OPEC, толкуваат аналитичарите на Morgan Stanley.

Сепак, овие цени не носат добри вести кога станува збор за новата одлука за малопродажните цени која Регулаторната комисија за енергетика треба да ја донесе во понеделник.

Минатата недела, кога се формираа актуелните цени, просечната цена на барел сурова нафта на берзата во Лондон беше нешто над  57,7 долари за барел, а денешната цена е за повеќе од 7 долари повисока. Единствено што ни оди во прилог е падот на курсот на доларот во однос на денарот. Ако минатата недела, еден долар во просек вредеше 57,3 денари, денеска долар може да се купи за 54,8 денари.

Во такви услови, доколку продолжи овој тренд на поскапување на нафтените деривати, идниот понеделник можеме да очекуваме значително поскапување на нафтените деривати во Македонија. Проценките се дека литар гориво би можел да поскапи од еден до 3 денари.

Минатиот понеделник нафтените деривати поскапеа за 3 денари по литар па сега ЕУРОСПУТЕР 95 се продава за 72 денари по литар, 98 октанскиот е два денари поскап а дизелот се точи за 57,5 денари по литар.

ZaSe.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1