Од 1 ноември, се намалуваат цените за паркирање на ЈП. „Паркинзи“ – Центар. Новиот ценовник веќе помина на управен одбор на „Паркинзи“ и се чека на одобрување од Советот на општината.
Во прва зона, досега еден час паркирање од 50 денари ќе се намали на 40 денари, а доколку се плаќа со М-карта ќе чини 35 денари.
Во втора зона, од 40 се намалува на 30 денари. Месечна мулти карта за зона 1, од 1.500 се намалува на 1.200 денари, а за во зона 2, од 1.200 на 1.000 денари.
Во зона 1 спаѓаат паркиралиштата во Градски парк, Соборен храм и кај Дом на градежници, а во Зона 2 влегуваат Капиштец , Буњаковец, Дебар маало и Автомакедонија.
Според новиот ценовник, мултикартата која може да се користи и во двете зони ќе чини 2.000 денари, доколку се плати во готово и 1.500 денари доколку се палти со М-карта.