Според Законот за угостителска дејност, од утре почнува зимското работно време на кафулињата.
Од утре до 24 декември освен во петок, сабота и за празници ќе работат од 07:00 до 24:00 часот. Викенд и за празници до 01:00 часот.
Барови од 20:00 до 04:00 часот обични денови, петок и сабота, до 05:00 часот.
Дискотеките од 19:00 до 04:00 часот во работни, односно до 06:00 часот во викенд денови.
Државниот пазарен инспекторат најави дека ќе има редовни контроли.