Според проценките во Србија 500.000 луѓе се заразени со хепатитис Б и Ц, а само околу 20 насто од нив знае дека е заразен.
,,информираноста за оваа болест е мала, а и заразените се срамат да кажат дека се болни па често си продолжуваат нормален живот. Оние кои не знаат дека се заболени – со оглед на фактот дека болеста нема видливи симптоми заразуваат и други луѓе,, изјави претседателката на здружението за заболени од хепатит Јасминка Николиќ
Хепатитсот Ц го нарекуваат тивок убиец бидејќи 80 насто од заразените немаат никакви симптоми се до последниот стадиум. Поради тоа што не знаат дека се заболени не се ни лекуваат. Доколку не се лекува хепатитот Ц доведува до цироза на јетрата.
Се пренесува со незаштитен сексуален однос, пирсинг, тетовирање, во стоматолошките ординации и слично.
Речиси 50 насто од интравенските корисници на дрога се заразени.
Иако младите се вакцинираат уште од раѓањето мора да се едуцира повеќе населението кое не ја примило вакцината.
Во Македонија бројките се исти како и во Србија – голем е бројот на заразените кои не знаат дека ја имаат болеста. Светскиот ден за борба против хепатитисот кај нас ќе се одбележи во Охрид. Се делат информативни флаери на плажите а се одржуваат и неколку семинари поврзани со оваа тема.