Телото на Клаудија Хидиќ, по потекло од Босна било пронајдено позади една куќа во Форт Ворт во Тексас. Девојката е убиена со удари во главата, а полицијата веднаш ја исклучила можноста за самоубиство. Телото го пронашил сопственик на куќата, а Клаудија ниту ја знаел ниту пак е осомничен. На задниот влез на вратата полицијата нашла траги од насилен упад во куќата, па деновиве истрагата ја продолжува испрашувајќи ги нејзините пријатели и семејството. Клаудија во Америка дошла од Германија, а нејзините поранешни старатели Џим и Сју Скионк изјавиле дека девојката сонувала да се запише на факултет и да стане актерка.