Полицајка од Колумбија ја воодушеви јавноста со својот неверојатен гест- ја откопча кошулата и надои едно напуштено бебе пронајдено во селото Сант Март .
Бебето го пронашла случајна минувачка завиткано во тепих. Слушнала плачење и кога го одмотала тепих го пронашла штотуку роденото женско бебе.
Веднаш била повикана полицијата. Пристигнала полицајката која веднаш забележала дека бебето пати од хипотермија и дека има неколку ситни повреди, па веднаш без размислување ја откопчала кошулата и го надоила.
Кога стигнала итната медицинска помош бебето веќе било во подобра состојба, докторот по прегледот истакнал дека полицајката со доењето го спасила бебето од сигурна смрт.