ПОЛИЦАЈЦИ им вртеле на терористите при акцијата – МВР ГИ ПРОВЕРУВА


Полицијата проверува неколкумина полициски службеници за кои е утврдено дека им вртеле припадници на кумановската вооружена група.

Од МВР велат дека се проверува секој контакт на терористите за да се утврди дали луѓето кои биле на врска со групата им помагале или само се познавале со вооружените, јавува Телма

Меѓу телефонските контакти имало и неколку контакти со полицајци и тоа во попладневните часови во саботата кога групата предводена од командант НАТО и Малишева била притисната и решиле да се предадат.

Screenshot_196

Меѓу уапсените кои се во притвор имало и полицајци, еден работел на граничниот премин Табановце и бил вработен во 2006-та година.

Вториот уапсен е Арсим Бајрами кој само два дена пред кумановската битка бил командир на граничната полициска станица Белановце. Таа караула се граничи со територијата под контрола на граничната станица Гошинце која беше нападната пред 4 недели.

Бајрами тогаш бил командир на Белановце, а според полициски извори во средата- два дена пред да почне акцијата против кумановската група тој бил прераспореден на работа на преминот Пелинце.

Бајрами од 2002-ра работел во полицијата, а е во сродство со семејството Тучи од Ваксинце каде и живеел, велат изворите на Телма.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1