Проговорија роднините на лицата кои беа дел од вооружената група од Косово


Роднините на косовските државјани кои се спомнуваат како дел од вооружената група во Македонија, од кои дел се и уапсени, се зачудени од информациите што, како што велат, за првпат ги слушнале од медиумите. Нивните блиски велат дека не знаеле за нивното евентуално патување кон Македонија, а додаваат и дека со денови воопшто немале контактирано со нив, пишува АлсатМ телевизијата.

„Јас веќе две недели не знам каде е. Веќе три месеци како го немам видено, ниту децата, ниту Мирсад. Велат дека сега децата се во Приштина, но каде се не знам… Некој вели дека се убиени, дека се фатени, од каде да знам, ама за него не се кажува дека е фатен. Но, ние две недели не знаеме ништо“, вели мајката на Мирсад Ндрецај познат како командант НАТО, којшто од МВР го наведоа како еден водачите на групата.komandanti uck uapseni teroristi
Таткото на Мирсад вели дека нема да го зачуди ако се утврди дека неговиот син е во Македонија, бидејќи учествувал во војната во Косово и во 2001 година во Македонија.

Синот на Џафер Зимбери пак, кој на минатите избори бил кандидат за пратеник од партијата Алијансата за иднината на Косово вели дека неговиот татко пред две недели тргнал за Албанија и не спомнал ништо за Албанците во Македонија.

„Од тогаш немаме некаква информација од него, нешто точно, само вестите коишто ги гледаме на порталите. Да ви кажам право, ова се малку вознемирувачки вести за семејството, но ниту ние не знаеме точно. Тој беше тргнат за во Албанија, рече синот на Џафер Зимбери.

Според податоците од медиумите во Косово, повеќето од уапсените лица биле членови на партијата на Рамуш Харадинај, но од него и од Алијансата за иднината на Косово сè уште нема реакција во врска со овие натписи.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1