Терористите имале за цел синхронизирано да нападнат пет полициски станици во Зајас, Кичево, Гостривар, Тетово и Куманово.
При вчерашната акција на полицијата, локалното население е користено како жив штит и заложници од терористите, а само неколкукумина им помагале во дејствијата против полицијата. До утринава во обвинителство беа испрашувани 30-те приведени цивили за кои се утврдуваше кој им помагал на терористите, а кој не, јавува Вечер.
Уште двајца полициски службеници починаа од здобиените повреди на Клиника, а еден е пронајден мртов на терен, со што бројката на загинати полицајци се искачи на 8 службеници. На клиника починал 42-годишниот Горан Илиевски – Мечето од Гостивар , додека на терен е пронајден загинатиот полицаец Исамедин Османи од албанска националност од скопско Студеничани.
Според нашите информации, полицијата спречи војна. Вооружената група планирала напади на 5 полициски станици на 12 Мај и тоа: Тетово, Гостивар, Кичево, Зајас и Куманово. Исклучително добро вооружена, нејзината цел било да се предизвика нереди од поголеми размери со ослабување на полицијата и жртви во нејзините редови, за потоа да ја преземат власта во севро-западниот дел од Македонија.
Најголемиот дел од нејзините 50-тина членови се од Косово и Прешево, но имале логистика и од локалното население во мал обем.
Откриени се од македонската полиција во соработка со странски служби, кои исто така работат на сузбивање на преостанатите терористи.
Во Куманово состојбата се’ уште не е стабилизирана, но се намалува интензитетот на престрелките. Неофицијано, полицијата го разби и последноот терористичко упориште. Во тек е претрес на сите куќи во населбата Дивљо насеље.
Според неофицијални информации, убиени се 15 терористи.
Синоќа, министерката за внатрешни работи соопшти дека 20 лица од терористичката групација се приведени. МВР денеска врши анализа за нивната инволвираност во ситуацијата, а ќе им бидат направени и парафински ракавици.