Полицијата тврди: Албанците прават паника со стари слики


Српската полиција, а ни ФСС немаат информации дека навивач на албанската репрезентација влегол во Србија.

Иако еден од лидерите на навивачката група „Плисат“, Алберт Кастрати синоќа на социјалната мрежа Фејсбук постави фотографија од граничниот премин Прешево, извори блиски до српската полиција и ФСС тврдат дека се работи за стара фотографија, пренесува Ало.рс.

slikaaaaa2

-Ни ФСС, ни српската полиција немаат информација дека има некакви албански навивачи во Белград или во Србија. Сè што се појавува на социјалните мрежи служи само да предизвика паника. Во Белград, покрај играчите, стручниот штаб и раководството на ФС Албанија, се наоѓаат и околу 120 членови на делегацијата, како и 34 новинари, вели за порталот извор од Министерството з внатрешни работи на Србија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1