Полицијата рано утрото направила упад во куќата во која живеел Прескот каде пронашла повеќе од 20 пушки, вклучувајќи и автоматски и повеќе од 400 шаржери за муниција. Според тамошните медиуми Прескот најверојатно добил отказ во софтверската компанија „Питни Боуз“ по што се јавил по телефон во фирмата и се претставил како „Џокер“ делејќи закани дека ќе ги срамни со земја.
Полицијата изјавува дека за сега нема знаци оти Прескот бил поврзан со Холмс, освен тоа што го користел името „Џокер“.
Прескот е префрлен во медицинскиот центар во Анаполис со цел да биде прегледан од психијатар..