Полицијата во близина на Вашингтон уапси нов „Џокер“


Американската полиција во близина на Вашингтон уаосила едно лице за кое се сомневала дека планира да изведе напад сличен на оној во Аурора, каде Џејмс Холмс уби 12 лица, а рани повеќе од педесет. Вчера попладне телевизиите во американската престолнина под ознаката „ИТНО“ јавиле дека е уапсен Нил Прескот (28) од градчето Крофтон, кој се наоѓа четириесетина километри источно од Вашингтон.

Полицијата рано утрото направила упад во куќата во која живеел Прескот каде пронашла повеќе од 20 пушки, вклучувајќи и автоматски и повеќе од 400 шаржери за муниција. Според тамошните медиуми Прескот најверојатно добил отказ во софтверската компанија „Питни Боуз“ по што се јавил по телефон во фирмата и се претставил како „Џокер“ делејќи закани дека ќе ги срамни со земја.

Полицијата изјавува дека за сега нема знаци оти Прескот бил поврзан со Холмс, освен тоа што го користел името „Џокер“.

Прескот е префрлен во медицинскиот центар во Анаполис со цел да биде прегледан од психијатар..

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1