Убиецот Виктор Чинголани наскоро ќе биде оженет човек и тоа ни помалку ни повеќе туку со сестрата близначка на жената која ја убил.
Тој издржува 13 годишна казна затвор во Аргентина за бруталното убиство на 19 годишната Џоен Касас.
Мајката на близначките е во шок. Покрај болката за убиената ќерка сега дознала и дека нејзината друга ќерка Едит која сега има 22 години се мажи за убиецот на родената сестра.
Верениците веќе добиле дозвола за венчавка во затворот
Мајката Марселина изјавила дека ќерката го издала семејството и се обидува да ја прати на психијатар зошто верува дека ќеркаи полудела.
,, како може да помисли да се омажи за човекот кој ѕверски и ја уби сестрата,, изјавила мајката.
Идната невеста пак на новинарите им изјавила дека верува дека нејзиниот сакан е невин и тој не ја убил сестра и. Во тоа се колне и зетот кој иако е осуден вели дека не е тој сторителот, и додал дека е пресреќен што ќе се жени.