На повеќето вработени, понеделник им “паѓа“ прилично тешко, пособно ако шефот е лош или строг. Уште потешко им паѓа на оние на кои шефот им е некомпетентен. А, ги има и такви.
Психологот Роберт Хоган, експерт за проценка на карактери, имал искуство со сите нив. Дури 75 отсто од вработените велат дека најлош и најстресен аспект од нивната работа е токму шефот. Лошите менаџери се извор на мизерија, вели Хоган. Тој објаснува дека главен фактор за стрес е лошата организација, а стресот негативно влијае на имунитетот и воопшто на цела здравствена состојба.
Компанијата на Хоган им помага на големите компании да одберат лица кои доволно стручно и адекватно ќе ги вршат менаџерските и водечките работи, но и ги обучува оние кои веќе стигнале на тие позиции.
„Истражувањата покажуваат дека финанскискиот, но и сите други аспекти на една компанија, директно зависат од мотивацијата на вработените. А врската меѓу надредениот и вработените мора да е беспрекорна за нешто добро да функционира“, смета Горди Курфи, консултант од Минесота.
Презентацијата на Хоган се состои од повеќе истражувања, вклучувајќи го она од 2010 година, кое го спроведе Унијата на економска интелигенција, дел од интернационалната компанија “Економист груп“. Резултатите од студијата покажале дека 84 отсто од испитаниците сметале дека оттуѓеноста меѓу вработените е најголем проблем на патот кон успехот.
Исто така, Хоган споменува и едно претходно истражување кое говори дека четвртина од вработените сметаат дека работата им е најголем извор на стрес, но и дека тој стрес им го загрозува здравјето.
Сепак, шефовите кои не се разбираат многу од тоа што го работат, не се единствен извор на незадоволство кај вработените.
Имено, во денешните сурови услови на пазарот на труд, реалноста е таква што луѓето прифаќаат да работат било што, првото што ќе им биде понудено. Секако, тоа дополнително го храни вашето незадоволство и неретко се случува за тоа да ви биде виновен шефот, наместо да го побарате проблемот во себе.
За жал, струните лица се сложуваат дека во таквите ситуации, со оглед на денешната економска клима, најдобро решение е да си останате на работното место, зошто работа се наоѓа многу тешко.