Градежните работници од Хејуан во Кина, пронашле дури 43 фосилизирани јајца од диносаурус во текот на поправката на оштетен пат. Градот познат како „дом на диносауруси“ со тоа ја зголеми својата богата збирка од околу 17 илјади јајца кои се чуваат во музеите
Експертите допрва треба да утврдат на кој вид диносаурус припаѓаат јајцата. Овој град е запишан во Гинисовата книга на рекорди како место каде што се чува најголемата збирка јајца од диносауруси на светот, но сега по прв пат вакво откритие се случува на улица.
Првите јајца ги пронајдоа група деца во 1996 година, додека си играле на игралиште. Мнозинството јајца што се чуваат во градските музеи им припаѓа на овирапторите- вид диносауруси сештојади, кои живееле на територија на Азија пред повеќе од 80 милиони години.