Поради закана од бомба лет од Њујорк до Москва завршил во Исланд


Патнички авион кој полетал од Њујорк, од аеродромот Џон Кенеди, а се упатил кон Москва бил пренасочен за Исланд, поради анонимен повик дека во авионот имало експозив.

Вкупно 256 луѓе биле во авионот на руската цивилна флота, кога анонимен јавувач им соопшти на властите дека во багажот имало пет куфери кои содржат експлозиви, и доколку авионот слета во Москва секој од нив ќе биде активиран, објави BBC.

Откако авионот слетал на аеродромот Кефлавик, патниците од прозорците забележале војници од специјалните сили кои трчале кон нив. Сите патници биле евакуирани и го оставиле својот багаж додека секој куфер не бил детално прегледан од специјалната едница.

Според првичните информации, за сега не се пронајдени никакви докази за било каква бомба во авионот.
Како што соопштуваат американските медиуми авионот бил пренасочен поради претпазливост, а повикот предизвикал голема  вознемираност и паника.
Авионот од Исланд, ќе полета за Москва за неколку часа.

Во моментов, патниците чекаат нов екипаж, кој треба да пристигне, објави руската новинска агенција Интерфакс. Екипажот кој беше на авионот е испратен во Москва.
Рускиот патнички авион во средата полета од Њујорк. Во еден момент пред да го пренасочи за Исланд, пилотот сакал да го врати авионот во Њујорк. Тој се предомислил, по што  длучил да слета на меѓународниот аеродром Кефлавик.

Авионот  Ербас А330, во четвртокот слета во Исланд, а според Асошиетед прес и багажот, и патниците биле детално проверени.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1