Лек против зависност од дрога !?


Зависноста од морфиум и хероин може да се блокира со делување врз имунолошките рецептори во мозокот, уверуваат австралиски научници.

Утврдиле дека за селективно блокирање на имунолошките рецептори во мозокот познати како TLR4, може да се користи лекот  “plus-nalokson”, кој уште не е во клиничка употреба. „И централниот нервен систем и имунолошкиот систем имаат важна улога во создавањето зависност, но нашето истражување покажа дека за да ја пресечеме желбата за опојна дрога,  доволно е да го блокираме само имунолошкиот одговор во мозокот, објаснува научникот Хачинсон.

Со употребата на “plus-nalokson”, морфиумот или хероинот даваат задоволство не помоќно од она кое што се постигнува со храната или пак со сексот. Ова истражување е особено важно при лечењето на наркозависниците, но истовремено според научниците “plus-nalokson” би можел да се препишува заедно со морфиум, кај оние пациенти кои што имаат силни болки, на тој начин би се избегнало раѓање нови зависници од наркотици.

Share Button

Tags: , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1