Последниот ден на Никола Младенов


Утрото пред да загине Младенов телефонски разговарал со универзитетскиот професор Јове Кекеновски. Двајцата ги договарале деталите околу интервјуто што било направено со Кекеновски, а кое требало да се објави во петочниот број на неделникот „Фокус“, пишува Утрински весник.

 mladenovТребале и да се сретнат во текот на денот, но поради обврски, ги одложиле плановите. Во текот на денот Младенов бил и во постојан контакт со Бранко Героски, со кого ги договарале деталите околу содржините на насловната страница на весникот. Телефонски разговарал и со адвокатот околу тужбите и судските процеси што се водат против медиумот, а договарал и средби со пријателите, на кои не успеал да отиде.

mladenov soobrakjaka fotoОткако вечерта ја поминал со најблиските, некаде околу 20 часот заминал од дома. Не им кажал каде ќе оди. Пријателите, сопругата, колегите се слушале со него околу 22 часот вечерта. Еден час подоцна бил изгубен секаков контакт со Младенов. Откако цела ноќ не дошол дома, сопругата утрината го пријавила случајот во полиција. Возилото „мерцедес E класа“ е пронајдено напладне кај клучката кај Хиподром, излетано од патот и превртено во ендек. Увидот и идентификувањето на загинатиот траеја повеќе часа.

Професорот Јове Кекеновски раскажува за „Утрински весник“ што се случувало дента пред да се случи несреќата.
kekenovski„Некаде околу 11,30 часот разговараме по телефон. Требаше да договориме некои технички детали поврзани со интервјуто што требаше да излезе. Падна предлог да се најдеме во кафулето ’Интермецо’, но Никола ми рече да се видиме подоцна. Тоа ми одговараше, бидејќи гостував на ТВ Сонце. Сето ова се случуваше меѓу 17,30 и 20 часот. Повеќе не се слушнавме“, раскажува Кекеновски. Иако се обидувал да го добие на мобилниот телефон, постојано се вклучувала опцијата „мејли“. За трагедијата, Кекеновски објаснува дека разбрал следниот ден и тоа токму од новинарот кој го правел интервјуто со него.

Неколкупати во текот на денот Младенов разговарал и со заменик-главниот уредник на „Фокус“, Бранко Героски. Последен пат се слушнале околу 16 часот, кога правеле договор околу тоа што ќе се објави на насловната страница на весникот.
gerovski„Се работеше за насловна страница која требаше да произлезе од направено интервју. Му барав да ми препрати дел од интервјуто за да го прочитам“, раскажува и појаснува дека поради природата на работата, инсистирал на уште еден договор со Младенов.

„Му напишав и две СМС-пораки. Првата му ја испратив 19,35 часот, а втората во 23,12 часот. Не сум најсигурен, но мислам дека втората порака е времето непосредно пред неговото загинување. Во меѓувреме, го побарав уште два пати по телефон, но тој не одговараше. Бев изненаден што не се јавува на повиците и на испратените пораки. Тоа не личи на Никола. Имало ситуации кога не можел да одговори веднаш, но во прва прилика тој ќе се јавеше“, раскажува Героски.

Изненаден зашто Младенов не му одговара на повиците, тој утрото ја побарал неговата сопруга Билјана, која е директор на весниците. За жал, малку потоа тој разбра за трагичниот настан.
mladenovaБилјана Младенова за последен пат го видела својот сопруг вечерта околу 20 часот, кога тој ненадејно заминал од дома, без да каже каде ќе оди. Последниот контакт најблиските го оствариле со него два часа подоцна. Некаде околу 23,30 часот се случила несреќа.

mladenov-nesrekaШто се случувало точно во вторникот попладне, односно само неколку часа пред загинувањето на Младенов никој не знае. Неговиот адвокат Оливер Вуксановиќ вели дека тој ден разговарал со него, но Младенов не споменал дека ќе патува.

„Мислам дека беше некаде околу 18,30 часот. Се слушнавме со Никола и разговаравме за тековни проблеми поврзани со тужбите што се поднесени против ’Фокус’. Тој не ми спомна дека има некаков состанок или дека ќе замине на пат“, вели адвокатот Вуксановиќ.

Повеќе на – Утрински Весник 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1