Писателката Исадора Бјелица поминува низ најтешкиот животен период, се бори против пеколната болест која ја натерала после 30 години да го посети своето родно Сараево.
Исадора заедно со сопругот и со нејзините деца отишла во градот во кој е родена и во кој пораснала, како што таа вели, за да го види бидејќи можеби последен пат ќе ја види зградата во која израснала и паркот во кој проодела.
– Порано немав сила, се ми беше многу болно. Сега кога се борам против најтешката болест, сакав уште еднаш да ја видам зградата во која пораснав и паркот во кој проодев. Многу љубов има во мене кон Сараево, просто имав голема желба повторно да се вратам таму и да останам да живеам,објаснила за „Ало“ Исадора.