Потресна приказна од таткото на Лука: Еве каков беше животот на мојот син


Насмеан, културен, воспитан, добар пријател. Борец кој ги преживеал тешкотиите кои му ги наметна животот. Премногу беше поврзан со својата покојна мајка.

Бојан таткото на убиениот Лука Јановановиќ, вака го опиша неговиот покоен син кој загина на Бранков мост, кога на 25.јули додека го туркале распаниот автомобил со своите другари, беше удрен од страна на Марко Миличев.luka-jovanovic500

– Неговите другари таа вечер не можеле да го пронајдат мојот телефонски број. Ми се јавија дури следниот ден. Стигнав во Ургентниот центар каде докторите ми рекоа дека син ми е во многу тешка состојба. Но, додека го гледав како лежи во болничкиот кревет, се надевав дека ќе преживее.Тој е храбро момче, борец на тато. Многу преживеале и потешки несреќи. Расмислував што ако остане инвалид, но само сакав да преживее. Следниот ден докторот гледајќи во под ми рече: срцето му беше силно, се бореше, но изубил доста крв, почина, раскажал таткото на Лука низ солзи за српските медиуми.

Како што пренесува српски Близ додека раскажувал Бојан прелистувал фотографии од младоста на Лука – фотографија на која Лука го држи во раце помладиот брат Матеј  уште додека биле во болница, Нова година 1998 – Лука насмеан пред новогодишната елка, Целото семесјтво насмеани во Зоолошка градина, на секоја фтографија се постаро момче се смее, седми, роденде, осми, вртејќи ги фотографиите, несреќниот татко стигна и до матурата на Лука.luka

– Свесен сум дека имал проблеми во животот, знам дека му беше тешко кога јас и неговата мајка се разделивме, тој беше премногу поврзан со неа. Премногу патеше кога таа почина по тешката болест, но гледајте како се смее, тоја знаеше како да се бори со се во животот, едноставно таа вечер не успеа… рекол таткото.

Тој додал дека Лука завршил знает да пекар и дека се подготвувал да замине да работи на прекуокенаските крузери.

– Мечтаеше за тоа, за патувања низ светот, за запознавање на нови луѓе. Занев дека таа работа ќе го направи среќен, тој сакаше да другарува и многу го ценеше пријателството. Само два дена пред несреќата освоија второ место на фудбалски натпревар, и кобната вечер ја прославуваа победата, истакнал таткото на Лука, покажувајќи фотографија од пехарот кој го совоиле на натпреварот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1