Повреден Наќе Батев, уредникот на фотографија во Вечер пренесен во Ургентен


Во насилните демонстрации кои вечерва се случуваат на стар Рекорд, пред Народната канцеларија на Претседателот на РМ, која е целосно демолирана, повреден е Наќе Батев, уредник на фотографија во весникот Вечер.palenje-kanc

Вечер пишува дека Батев е повреден во вечерашните насилни протести пред Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија.

Батев е повреден во глава извршувајќи ја својата професионална задача, во моментот кога насилните демонстранти се судрија со полицијата да го пробијат полицискиот кордон.

Преврзан е и префрлен на Ургентниот центар во Скопје, каде во моментов му ги санираат повредите на главата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1