Повреден синот на српски министер, му скршиле шише од глава


Јован Илиќ, синот на министерот Велимир Илиќ е повреден во еден клуб во Чачак. Полицијата трага по напаѓачите.

– Синот на министерот Илиќ бил во клуб во друштво со момци и девојки. Во еден момент една група им пришла и почнале да провоцираат поради девојките. Започнала вербална расправија, сите биле под дејство на алкохол. Јован се обидел да ја смири ситуацијата, но останатите момци најверојатно биле решени физички да се пресметаат со Илиќ и негово друштво. Набрзо започнала тепачката, но Јован и понатаму се обидувал да ја смири ситуацијата. Во општата тепачка добил удар со флаша во глава. Навистина не беше виновен, раскажува очевидец.velimir-ilik

Тепачката набрзо завршила, а напаѓачите побегнале од локалот. За брзо време пристигнала полицијата и Итната помош.

– Целиот кварт беше под опсада, светеа ротационите светла, полицијата на никого не дозволуваше пристап до улицата, рекол соговорникот за српски Ало.рс.

Јован Илиќ бил префлен во Ургентниот центар во болницата во Чачак, каде му била укажана лекарска помош.

Министерот Велимир Илиќ за српските медиуми изјавил дека неговиот син не учествувал во тепачката, туку дека е само случајна жртва.

– Мојот син седел со другарите и другарките кога некој наркоман го погодил со флаша во глава. Не го видел, ниту па знае кој е, одеднаш добил удар во главата. Државните органи нека се занимаваат со ова, рекол Илиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1