„Смрт каури“, навредливи графити на црквата испишани на два месеца пред 5 кратното убиство во Смиљковци биле навестување за велигденскиот масакр сметаат родителите на убиените момчиња кои речиси две години по трагедијата се уште бараат одговори – зошто нивните деца, пишува Канал 5.
Родителите, велат дека имаат сознанија дека истите стапки во црквата во Сингелиќ што е ишарана со графити против македонскиот народ, истите стапки се и кај Смиљковци.
Таткото на едно од убиените момчиња вели дека на судењето вакво нешто не било спомнато досега, а веќе две години не им е јасно зошто целиот процес се одолговлекува.
И роднините на обвинетите реагираат на одолговлекување на процесот. Тие тврдат дека никогаш не биле поврзани со радикалниот ислам, пишува Канал 5.